Ме има и ко­га ме не­ма

03.02.2010 | Владимир Милчин (режисер)

Вто­ра­та ве­чер во Њу­јорк бев на го­сти кај акте­рот Жар­ко Ла­у­ше­виќ, чи­ја гол­го­та на иле­га­лец во САД и бе­га­лец од Ср­би­ја/Цр­на Го­ра на­бр­гу ќе ја до­жи­вее сво­ја­та пра­вич­на раз­вр­ска. Нај­поз­на­ти­от ју­гос­ло­вен­ски актер во осум­де­сет­ти­те и во де­ве­де­сет­ти­те го­ди­ни на ми­на­ти­от век ја игра­ше нас­лов­на­та уло­га во мо­ја­та прет­ста­ва „Све­ти Са­ва“, чи­ја из­вед­ба во Ју­гос­ло­вен­ско драм­ско по­зо­ри­ште во Бел­град, во ју­ни 1991 го­ди­на бе­ше на­сил­но пре­ки­на­та од сто­ти­на ра­ди­ка­ли на Ше­шељ и срп­ски пра­вос­лав­ни по­по­ви, ка­ко „на­вред­ли­ва за срп­ска­та на­ци­ја и цр­ква“. Ед­на го­ди­на по­тоа, во са­мо­од­бра­на, Жар­ко за­стре­ла двај­ца од гру­па­та на­па­ѓа­чи кои во Под­го­ри­ца му се на­фр­ли­ле не­му и на брат му.
Прет­ход­но, Жар­ко ле­гал­но се снаб­ди со пи­штол би­деј­ќи бе­ше под по­сто­ја­ни за­ка­ни, тој, же­на му и де­ца­та. А бе­ше и офи­ци­јал­но ана­те­ми­сан од Си­но­дот на СПЦ. По од­ле­жа­на­та каз­на, за­ми­на во САД (ле­гал­но) и оста­на та­му (иле­гал­но). Се­бе­си и сво­и­те де­ца од два­та бра­ќа ги из­др­жу­ва­ше ра­бо­теј­ќи ка­ко мо­лер. И ток­му ко­га ми рас­пра­ва­ше за три­те ме­се­ци по­ми­на­ти во аме­ри­кан­ски при­твор, на мо­јот блек­бе­ри стиг­на по­ра­ка со ске­ни­ран текст об­ја­вен во „Но­ва Ма­ке­до­ни­ја“, под нас­лов „СДСМ и Со­рос Мил­чин го тр­ча­ат пос­лед­ни­от круг“.
Ме има и ко­га ме не­ма. Да не е жа­лос­на, ќе бе­ше мно­гу смеш­на чор­ба­та што ја за­ме­ша­ла автор­ка­та, со про­ѕир­на на­ме­ра да ја де­мо­ни­зи­ра фон­да­ци­ја­та и неј­зи­ни­от ос­но­вач и до­на­тор. За­што, тие со па­ри­те што ги до­ни­ра­ле во Ма­ке­до­ни­ја (над 100 ми­ли­о­ни до­ла­ри) всуш­ност 20 го­ди­ни ми ти ра­бо­те­ле на де­мон­та­жа на ма­ке­дон­ска­та др­жа­ва (?!). Та­ка твр­ди Еми­ли­ја Ге­ле­ва. Од што про­из­ле­гу­ва де­ка оние кои во исти­те го­ди­ни изв­ле­ку­ва­ле сто­ти­ци ми­ли­о­ни од Ма­ке­до­ни­ја ве­ро­јат­но ра­бо­те­ле на за­креп­ну­ва­ње на ма­ке­дон­ска­та др­жа­ва! Та­ка што ја огра­бу­ва­ле! А зо­што до­на­то­рот и фон­да­ци­ја­та ра­бо­те­ле на де­мон­та­жа на ма­ке­дон­ска­та др­жа­ва? За­што тоа би­ло дел од за­го­во­рот ре­а­ли­зи­ран пре­ку фал­си­фи­ку­ва­на­та еко­ном­ска кри­за, пан­де­ми­ја­та на гри­пот и гло­бал­но­то за­топ­лу­ва­ње?!
Ка­ква ли е таа фру­стра­ци­ја што бу­рич­ка во умот на не­ко­гаш­на­та над­во­реш­но­по­ли­тич­ка со­вет­нич­ка и ко­му ли му се ну­ди со сво­е­то ге­о­стра­те­ги­ско бла­да­ње? Ба­нал­но пра­ша­ње кое го за­бо­ра­вив исти­от миг.
Со Жар­ко се раз­де­лив­ме со збо­ро­ви­те де­ка си дол­жи­ме уште ба­рем ед­на прет­ста­ва. След­ни­от ден, ток­му ко­га се под­го­тву­вав да одам да го гле­дам об­но­ве­ни­от мју­зикл „При­каз­на од За­пад­на­та стра­на“ во еден те­а­тар на Брод­веј, ми стиг­на по­ра­ка од еден мој дам­не­шен сту­дент. „Да­ли гле­даш Ка­нал 5?“. - „Не, во Њу­јорк сум, од­го­ва­рам“. - „Мар­тин Пан­чев­ски го­сту­ва­ше кај Не­дел­ков­ски, не те из­ва­ди од уста. Поз­драв и уба­во да си по­ми­неш“.
Ме има и ко­га ме не­ма. Уба­во си по­ми­нав на прет­ста­ва­та. Од­лич­на­та му­зи­ка, со­вр­ше­на­та ко­ре­о­гра­фи­ја и две­те вол­шеб­ни Пор­то­ри­кан­ки во глав­ни­те жен­ски уло­ги не ми доз­во­ли­ја да се за­ин­те­ре­си­рам за ко­ли­чес­тво­то на отро­вот што ја из­ле­а­ла пиз­ма­та на мо­јот не­ко­га­шен нај­до­бар дру­гар, ко­му му бев кум на свад­ба­та, а ќер­ка ми бе­ше ку­ма на свад­ба­та на не­го­ви­от син во Ви­е­на. Не бев ни мал­ку љу­бо­пи­тен за очај­нич­ки­от обид на би­вши­от дру­гар да из­ле­зе од ано­ним­но­ста, та­ка што ќе се при­дру­жи на плу­ка­чи­те чии про­вин­ци­ски гна­со­ти­ла­ци не до­се­га­ат по­да­ле­ку од нив­ни­от одам­на из­гу­бен образ. Про­сто не мо­жам да не одо­ле­ам да не им по­ра­чам да зап­нат по­сил­но, за­што Њу­јорк е да­ле­ку. Ама да па­зат да не пре­те­ра­ат, за­што им се за­ка­ну­ва опас­но­ста да се уда­ват во сопс­тве­на­та плун­ка.
А се­ри­ја­лот на Ше­хе­ре­зад од „Ве­чер“ не­мам вре­ме да го сле­дам ре­дов­но де­но­ви­ве. Во Му­зе­јот на мо­дер­на умет­ност има из­лож­ба на Тим Бар­тон, во Ме­тро­по­ли­тен, има из­лож­ба на ма­ни­ри­стот Брон­зи­но, во Лин­колн-цен­та­рот има од­ли­чен џез, на Брод­веј игра мју­зик­лот „Фе­ла“, по­све­тен на нај­го­ле­ми­от афри­кан­ски му­зи­чар Фе­ла Ку­ти... Но­во­ком­по­ни­ра­ни­от кич во об­лик на ба­рок­ни (?!) га­ра­жи одов­де ли­чи на не­вку­сен виц. Но, на не­вку­сен виц ли­чи и тек­стот во вес­ни­кот на Ше­хе­ре­зад, во кој се твр­ди де­ка „исти­от СО­РОС и ме­ди­у­ми­те кои ја зло­у­по­тре­бу­ва­ат тај­на­та по­ли­ци­ја и об­ја­ву­ва­ат фо­то­ко­пии го­неј­ќи лу­ѓе, се­га ба­ра­ат ко­до­ши­те да би­дат за­шти­те­ни“.
Кол­ку што па­ме­там, не­о­дам­на ме­ди­у­ми­те об­ја­ви­ја не­ка­ков до­ку­мент за еден чо­век, а не за лу­ѓе, ка­ко што по­са­ку­ва чо­е­кот. На што се дол­жи ова се­бе­ум­но­жу­ва­ње? Да не го фа­ќа уп­лав од са­мо­ти­ја­та што му сле­ду­ва?
Кол­ку што знам, СО­РОС ни­ту ја упо­тре­бу­вал ни­ту ја зло­у­по­тре­бу­вал тај­на­та по­ли­ци­ја со ко­ја, кол­ку што знам, ра­ко­во­ди бра­ту­че­дот Са­шо Ми­јал­ков. Што са­ка да ка­же чо­е­кот? Де­ка и бра­ту­че­дот е со­ро­со­ид? Кол­ку што знам, фон­да­ци­ја­та и јас лич­но имав­ме кри­тич­ки став за лу­стра­ци­ја­та уште пред да би­де до­не­сен за­ко­нот. Јав­но, јас­но, глас­но и на­вре­ме­но. Зна­чи одам­на, а не се­га. Се­га са­мо гле­да­ме кол­ку бев­ме во пра­во. Без ог­лед на се­гаш­ни­те и ид­ни­те од­лу­ки на Устав­ни­от суд.
Здо­дев­но е да се по­вто­ру­ва­ат фа­кти­те, но кај нас тол­ку се ла­же што е не­оп­ход­но да се по­вто­ру­ва­ат фа­кти­те. За­ра­ди здра­ви­от раз­ум. Еден од фа­кти­те што тре­ба да се по­вто­ру­ва­ат е тоа де­ка пра­те­ни­ци­те на СДСМ гла­саа за до­не­су­ва­ње на за­ко­нот за лу­стра­ци­ја, а Цр­вен­ков­ски го пот­пи­ша. И зо­што се­га Ше­хе­ре­зад и дру­ги­те ме­га­фо­ни пот­пи­ку­ва­ат де­ка СДСМ, Цр­вен­ков­ски и Со­рос ја оне­воз­мо­жу­ва­ат лу­стра­ци­ја­та? Со усул, ме­га­фо­ни! Ако про­дол­жи­те со вре­ска­ње­то, ќе ве иск­лу­чат тие што ве вклу­чи­ја!
А се­га ќе за­вр­шам и ќе одам на џез во клу­бот на Вин­тон Мар­са­лис. И, за да ме има и ко­га ме не­ма, ќе ци­ти­рам еден из­ве­штај за фи­нан­си­ска­та кри­за и ме­ди­у­ми­те: „Важ­но е да се од­бе­ле­жи де­ка во мно­гу слу­чаи др­жа­ва­та е до­ми­нан­тен ог­ла­су­вач во ме­ди­у­ми­те (проб­ле­мот е осо­бе­но аку­тен во Бу­га­ри­ја и Ма­ке­до­ни­ја). Обез­бе­ду­вај­ќи не­кри­тич­ко, ‘пла­те­нич­ко’ по­кри­ва­ње, ме­ди­у­ми­те не са­мо што си го по­дри­ва­ат кре­ди­би­ле­тот, ту­ку се из­ло­жу­ва­ат се­бе­си и сво­и­те чи­та­те­ли/гле­да­чи на по­ли­тич­ка ма­ни­пу­ла­ци­ја. Фа­ктич­ки, вла­ди­те ги упо­тре­бу­ва­ат па­ри­те на да­ноч­ни­те об­врз­ни­ци да ку­пат по­зи­тив­но ме­ди­ум­ско по­кри­ва­ње и, от­ту­ка, јав­на под­др­шка“.
До­бра ноќ, џе­зе­ри!