» Најкоментирани од последната недела:
» Најнови: Колумни
Хелена гола влегува во филм
21:30 | 03.02.2010 | Автор: Шпиц
Хелена Роза ќе ја видиме гола и на филм. Точката на расоблекување, која слободната водителка неодамна ја изведе на белградското шоу „Јас имам талент“ ќе се најде во новиот филм на контроверзната режисерка Софија Теодор, „Розе танга четврток“. Таа смета дека тој стриптиз е добар за мизансцена и дека Хелена, која е нејзина инспирација, е родена за глума.
- Јас и нејзе и реков дека ја згрешила професијата. Хелена е родена актерка. Се виде уште на снимањето на претходниот филм „Таа е сето тоа“. Овој пат ќе ја земам да го изведе истиот стриптиз и со истата придружба и во мојот нов, петти филм. Приказната се врти околу женето момче, кое има бремена жена, а секој четврток игра во клуб без неговата сопруга да знае кај е тој, па затоа таа често неговите отсуства ги толкува како изневерувања - открива Теодор.
Главната машка улога, ликот на Алек, му е понудена на Васил Зафирчев, а женскиот лик Миа, на Билјана Танеска, македонска актерка кој подолго време живее во Италија. Режисерката и сценаристка има желба во филмот да ги види и Арна Шијак и водителот Зоран Василевски. Младиот актер Борче Начев е поканет да игра момче кое е недефинирано во поглед на својата сексуална ориентација. Во филмот, исто така, ќе се појават и јавни личности за кои јавноста ќе се изненади што се нашле во таков филм.
- Не кријам дека сакам публиката да ме прифати како контроверзна и авангардна режисерка, еден вид женски Педро Алмодовар, мојот идол. Предизвик ми е преку филмското платно да си играм со чувствата на гледачите, да тапкам по нивните сетила, да им го покачувам пулсот, да предизвикувам измешани реакции. Па, јас живеам во светот на филмската магија. Кога на моите родители своевремено им реков дека сакам да се едуцирам за актерка татко ми се избезуми и не ми дозволи, сметајќи дека треба да изигрувам „циркузантка“ и да се разголувам. Да бидам режисерка прифати без проблем. Но, ете и како режисерка отидов подалеку во презентирање контроверзии и перверзии, и сакам со тоа да направам режисерски бум кај нас. Мотивот ќе го откријам еден ден, здравје Боже ако достигнам светски успеси, како што посакувам - искрена е Теодор.
Снимањето на „Розе танга четврток“ почнува во април, со снимателот Александар Касапинов, а монтажата му е доверена на Тегла.


