» Најкоментирани од последната недела:
» Најнови: Колумни
Заплена на непријавена стока
Царинската управа на Република Македонија информира дека во текот на минатата недела, царинските службеници спречиле неколку обиди за нелегално внесување на стока на територијата на Република Македонија.
Притоа, привремено биле задржани: 9 платежни картички (МАЕСТРО, ВИСА, АМЕРИЦАН ЕЏПРЕСС ПЛАТИНУМ) откриени кај македонски државјанин од Скопје. Имено, на 03.02.2010 година пред полноќ, за излез од државата на граничниот премин Табановце-автопат се пријавило комби со бугарски регистарски ознаки. По претходно селектирање на возилото и патниците, а поради недоследности во изјавите на еден од патниците, царинските службеници пристапиле кон детален преглед на истото, при што не биле пронајдени неправилности. Но, при личен претрес на патникот, царинските службеници ги пронашле картичките, кои гласеле на неколку различни имиња. Повикан да даде објаснение за ова, лицето не било во можност да даде разумно и издржано образложение.
Во консултација со Министерството за внатрешни работи - Сектор за организиран криминал, констатирано е дека пронајдените платежни картички биле предмет на злоупотреба остварена преку недозволено отстранување на имињата на нивните вистински сопственици и испишување на имиња на други лица.Лицето кај кое се пронајдени картичките е приведено, а против него ќе биде поднесена кривична пријва.
На листата на запленета непријавена стока се и:
- 150 касети со боја за печатачи, откриени од страна на мобилните тимови при царинска контрола на автобус со бугарски регистарски таблички, пријавен за влез во Република Македонија на граничниот премин Ново Село. Непријавената стока била пронајдена во задниот товарен дел на автобусот, кој сообраќал на редовната линија Софија - Струмица, а бил управуван од бугарски државјанин.
- 65 медијапан табли (440,115 м2), откриени во товарно моторно со македонски регистарски ознаки, натоварено со материјали за градежна столарија, пријавени за увозно царинење на царинската испостава Струмица.
- 36 парчиња модни додатоци (машки рачни часовници, белегзии и прстени), откриени на граничниот премин Јажинце - влез во Република Македонија, при контрола на патничко моторно возило со македонски регистарски ознаки, управувано од лице од с.Голема Речица-Тетово, придружувано од лице од с. Желино-Тетово, сопственик на непријавената стока.


