» Најкоментирани од последната недела:
» Најнови: Колумни
Во Велес привршува првата фаза од изградбата на новиот театар
21:30 | 08.02.2010 | Автор: МИА
Велес, 8 февруари - Привршува првата фаза од изградбата на новата театарска зграда во Велес, изјави вечерва министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска, одговарајќи на новинарско прашање по отворањето на изложбата на Димитрија Андонов Папрадишки во Ликовниот салон во овој град.
Таа информира дека моментално се работи на проектот за сценска технологија и акустика кое се поврзани проекти.
- Тука посебно се внимава бидејќи театарската зграда во Велес ги има сите европски стандарди и норми во однос на сценската технологија и акустика. Моментално се работи на проектот на ентериерот односно внатрешното уредување на новиот театар, додаде Канческа-Милевска.
Театарот, чија изградба се финансира со средства од Министерството за култура, треба да биде готов и пуштен во функција до средината на 2011 година.