10:00 | 12.03.2010 |
Автор: Бранко Героски
Лопата, портокалова маичка и дребонг
Противпожарен апарат од вчера е задолжителна опрема во сите автомобили, автобуси и камиони, според правилникот за задолжителна опрема. Возачите задолжително мора да имаат и сигурносен рефлектирачки елек, кој треба да се облече кога во темнина се напушта возилото. Неофицијално дознавам дека наскоро во задолжителната опрема за патничките возила ќе бидат вклучени лопатата, портокаловата маичка и дребонгот. Додека патувате, ако случајно забележите дека некаде се поставува камен-темелник, внимателно мора да го паркирате возилото, да ја облечете портокаловата маичка и со лопатата в раце да му се придружите на премиерот.
А за што служи дребонгот? Немам поим. Мора ли за нешто да служи? За збирање арач, како и се друго.
Последни 10 острилки:
- Копуци, оставете го Митрев да работи!
10:00 | 11.03.2010 - Банда без команда
10:00 | 10.03.2010 - Патријархат, ами како?!
10:00 | 09.03.2010 - Антикризни мерки
10:00 | 08.03.2010 - Никој како Грујо и Сузана Манчиќ!
10:00 | 06.03.2010 - Амди Бајрам е во право!
10:00 | 05.03.2010 - Вмровските бегови
10:00 | 04.03.2010 - Неселективна правда
10:00 | 03.03.2010 - Фекалии нека се, од ВМРО да се!
10:00 | 02.03.2010 - Багери за „Скопје 2014“!
10:00 | 01.03.2010